Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека наредната година ќе почне изградбата на трамвајска линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров.
Во соработка со збратимениот град Загреб од јануари годинава се работело на техничко решение за изградба на првата фаза на трамвајот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Решението е изготвено и како што вели Шилегов догодина очекува да стартува реализацијата на овој капитален проект за Скопје, кој ќе го помогне и Владата, објави порталот Сакам да кажам.
Според првичните проценки, изградбата би чинела од 130 до 150 милиони евра.