Наредните денови стабилно, во недела пороен дожд и грмежи

|

УХМР соопшти дека времето во наредните денови ќе биде стабилно. Утре и во петок се прогнозираат ниски утрински температури за овој период од годината. Дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки, а локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има во недела.

Утре утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 26. Во петок максималната температура ќе биде 29, а во сабота и недела 33 степени.

И метеорологот Славчо Попоски излезе со слични информации за времето во деновите кои ни следуваат:

Температурите од петок, па за време на викендот повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава, и за викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.