Народна банка ја зголеми камата на благајничките записи за 0,25 п.п како одговор на растечките инлациски очекувања

|

Народната банка ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени од сегашните 1,25 и сега таа ќе изнесува 1,5 проценти. Реакцијата доаѓа како одговор на растечките инфлациски очекувања – соопшти централната банка.

Износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, и изнесува 10 милијарди денари.

Од народната банка соопштија дека  внимателно ги следат состојбите поради  неизвесноста и ризиците од ескалацијата на геополитичките тензии и од нивните ефекти, пред сѐ, врз глобалниот раст на цените, но и врз трговските текови и побарувачката, при се уште неизвесен тек на панде*ијата.