Народни верувања: 9 работи кои не треба да ги подарувате за слава, празници или роденден

ИЗВОРnovlist.mk
|

Сезоната на слави и прослави е тука, а наскоро ќе почнат и подароците по повод Нова година и Божиќ.
Па, како да не погрешите со изборот на подарок? Што не смее да подарите, поради негативна симболика?

Листата е следна:

1. Остри предмети
Ножеви, ножици и слични остри предмети се верува дека привлекуваат негативна енергија. Можете да ги купувате за себе, но не и да ги подарувате.


2. Огледало
Се верува дека огледалата носат неволја во животот на човекот кому ги подарувате, па ако купувате подарок за суеверна личност – избегнувајте ги.


3. Медицински уреди
Мерачи, масажери и домашни терапии не треба ниту да ги купувате, ниту да ги прифаќате како подарок.


4. Садови
Ако сакате да подарите шолја или некој длабок сад, во секој сад ставете по едно париче. Празните садови се верува дека носат сиромаштија.


5. Часовник
Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето на часовник на подарок го одбројува времето до смртта. Исто така, се верува дека подарениот часовник може да предизвика заладување на односот и оддалечување.


6. Паричник
Исто како и со садовите, паричниците не се подаруваат празни. Ако веќе сакате да купите паричник, подарете го заедно со одредена сума во него.


7. Бисери
Се верува дека бисерите се симбол на вдовиците и тажните солзи, па носат само несреќа доколку ги подарите.


8. Шал или марама
Повторно, народните верувања велат дека шалот и марамата носат неволји и негативни луѓе во животот на оној кој го примил подарокот.


9. Внимателно со книгите
Може да ги подарувате на пријатели и роднини, но не и на партнерот. Се верува дека овој подарок може да создаде немири во љубовниот однос.

Па, колку сте суеверни по ова прашање? Во што верувате и што никогаш не подарувате?