Нарушен јавниот ред и мир во Сарај: Се степале на турнир во борење

|

На 01.10.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот во Спортско-рекреативен центар Сарај, за време на одржување на турнир во борење, М.Б. од с.Сарај, скопско и Р.М. од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.