Медиумите веќе извесно време пишуваат за тоа дека Сонцето се приближува до својот сончев максимум, односно дека станува сѐ поактивно со многу повеќе дамки и огнени факели. За среќа, кон нас досега се испратени само таканаречените соларни факели кои во најлош случај може да и наштетат на технологијата, да предизвикаат нарушувања во комуникациите, да влијаат на електричните мрежи и да ги оштетат сателитите.
Но, што ако нашата ѕвезда исфрли нешто што наликува на „суперфакел“ што може да предизвика атмосферски нарушувања или на некој начин да влијае на животот на Земјата? За да откријат што може да направиме во случај на посериозна сончева бура и колку време имаме да реагираме, научниците на НАСА користеле модели на вештачка интелигенција за да развијат систем за рано предупредување, пишува „Јуниверс тудеј“ (Universe Today).
Тие соопштија дека овој систем може да нѐ извести околу 30 минути пред потенцијално разорната соларна бура да погоди одредена област. Имено, светлината патува побрзо од материјалот што го емитува Сонцето и затоа валидна анализа на податоци може да ни подари половина час време за можна реакција.
NASA has built an AI model to predict where and when an impending solar storm would strike Earth, which scientists claim can provide “30 minutes of advance warning”.#NASA #AI #ArtificialIntelligence #Earth #Scientists #GuinnessWorldRecord #Technology #นายกคนที่30 pic.twitter.com/WgoEqGKA5K
— Jayesh Nakrani (@jayesh_nakrani_) May 15, 2023
Но, колку треба да се плашиме од вакви убиствени настани во вселената? Научниците ги делат Сончевите блесоци во 5 класи, од кои секоја 10 пати помоќна од претходната – А, B, C, M и X. Секоја категорија има 9 подгрупи; a најмоќните блесоци од класата X можат да имаат околу 10 пати поголема моќност од блицот X1. Теоретски, не постои ограничување за тоа колку големи можат да бидат зраците од класата X, a најсилните, забележани во 2003 годиа, биле класифициран како X28.
Најсилните факели од класата X можат да произведат иста количина на енергија која има милијарда водородни бомби. Ако се насочени кон Земјата, може да ги оштетат сателитите, комуникациските системи или електричните мрежи. На пример, факелите од класата X5 и X6 предизвикале исфрлање на короналната маса (CME) во декември 2006 година што ги нарушило ГПС сигналите.
Главно, досега не е забележано дека Сонцето создало супер факел кој би можел да го уништи целиот живот на Земјата. Дури ниту најмоќната геомагнетна бура запишана во историјата – настанот во Карингтон од 1859 година – немала забележително влијание врз здравјето на луѓето или другите живи суштества.
„Kакви тоа зраци би морале да бидат за да исчезне целиот живот на Земјата? Не го знам одговорот на тоа прашање, но досега не сме снимиле ниту еден соларен настан што е доволно голем и моќен да влијае на здравјето на луѓето“, изјавил Даг Бисекер од Националната управа за океани и атмосфера на САД (НОАА).
Значи, најлошото што може да ни се случи е да немаме струја и интернет неколку часа. Но, дури и такво нешто може да предизвика одредено ниво на колапс. Затоа, експертите тренирале вештачка интелигенција (моделот бил наречен DAGGER), за да може да ја предвиди силата и насоката на соларната бура за помалку од една секунда и да пресмета точно каде може да направи најголема штета. Претходните модели на прогнозирање користеле вештачка интелигенција за да произведат локални геомагнетни прогнози за одредени локации на Земјата. Други модели, кои не користеле вештачка интелигенција, дале глобални предвидувања кои не биле баш навремени. Затоа, ова комбинирано ниво на предвидување што може да се примени на целата планета го прави DAGGER да е значителен чекор напред во предвидувањето и навременото реагирање на потенцијалните опасности од соларните бури.