НАСА пресметала кога астероид со сила од 22 атомски бомби ќе ја погоди Земјата

|

Научниците од НАСА направиле пресметка дека астероидот со име Бену, ќе ја погоди Земјата за 159 години, поточно на 24-ти септември 2182-ра година, пренесува „N1 BIH“.

Со оглед на тоа дека станува збор за датум во 22. век, не мораме уште долго да се грижиме поради овој астероид.

Астероидот, наречен Бену минува покрај Земјата на секој шест години и е двојно помал од астероидот за кој се смета дека ги убил диносаурусите.

Колку е опасен Бену за Земјата?
Ако Бену удри во Земјата, тоа ќе предизвика пустош од 965 километри од местото каде што паднал, но тој сепак не е доволно голем да предизвика изумирање ширум светот.

Научниците проценуваат дека астероидот би предизвикал уништување еквивалентно на експлозии на 22 нуклеарни бомби.

НАСА работи на планови кои ќе помогнат тој да се пренасочи подалеку од Земјата или да се уништи. Се надеваме дека ќе бидат успешни во тоа.