Сузана Гавазова која веќе извесен период работи во Белград каде снима песни на српски јазик на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со Тања Савиќ, а под истата напиша:
-Има луѓе со кои се чувствуваш добро во нивно друштво… необично и инспиративно. Саша Лазиќ и Тања Савиќ. Поздрави и бакнежи од сите нас, стои во постот на Гавазова.
Инаку, пејачката комплетно го промени својот имиџ, но повторно мами воздишки со својот изглед, а тоа е сигурно.
Иако досега ја знаевме по потемните нијанси на коса овој пат направила вистински избор.
Вака се појавува во видео записот за песната „Сечање на твој грех“. Пејачката шармира во провокативен аутфит.
Со својот нов имиџ, Гавазова на дел од фотографиите изгледа непрепознатливо.