Насилник нападнал семејство и им го оштетил возилото кај Кучевишка Бара

|

На 14.07.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на 02.07.2023 околу 17.55 часот кај Кучевишка Бара, по претходно недоразбирање, едно лице физички ги нападнало А.Ѓ.(46), Е.Ѓ.(44) и Ф.Ѓ.(19), сите од Скопје и го оштетило возилото на А.Ѓ..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.