Наследнчката на Харис Џиновиќ ја покажа празничната атмосфера во домот: Ангажиран дизајнер за украсување елка

ИЗВОРНов Лист
|

Некои мислат дека се уште е рано за украсување новогодишни елки и поставување празнично осветлување, но семејството Џиновиќ не мисли така. Во својата вила решија да донесат новогодишна еуфорија.

Ќерката на Харис и Мелина Џина, која е многу популарна на социјалните мрежи, сподели дел од таа празнична атмосфера од својот дом.

Новогодишното украсување во домот на Харис Џиновиќ е како од бајка. Елка над 2 m ја краси дневната соба, а во украсувањето на елката помогна и професионален дизајнер.

Да потсетиме, Џина има помлад брат Кан, кој не се појавува често во јавноста. Исто така, 17-годишната Џина е во врска со фудбалерот Андреј Ѓуриќ.

Мелина неодамна проговори за врската на нејзината ќерка:

„Јас и Харис без проблем ја поддржавме таа врска, бидејќи Андреј Ѓуриќ е фантастично момче. Многу го сакаме како семејство, а работата е што Харис беше тој што ја дозволи таа љубовна приказна“.