Убавите и пријатни изненадувања секогаш знаат да ни измамат насмевка на лицето, особено кога доаѓаат од оние најмилите, најискрните, децата.
Тие несебично и најискрено ја искажуваат својата љубов кон другарчињата, роднините, пријателите…
Презентерката на Канал 5 телевизија, Бубе Јаневска доби еден таков гест на внимание, на чиста и искрена љубов.
Имено, нејзината внука Мила во некоја од своите училишни обврски и задачи напишала дека кога ќе порасне сака да биде како нејзината тетка Буба која работи како презентерка.
Овој комплимент и поласка на презентерката, па јавно го сподели во кратките приказни на „Инстаграм“.
Веруваме дека Јаневска била пресреќна, а дали нејзината Мила навистина ќе тргне по нејзините стапки останува да видиме.