По повеќегодишна пауза еден од највлијателните артисти и диџеј со најголемо искуство на сцената, Тиесто, конечно ја посети Македонија и со сет од 90 минти ја крена на нозе публиката во Скопје.
Очекувано, како што е за сите настани поврзани со електронската музика, Тиесто на сцената се појави нешто по полноќ, а додека публиката со нетрпение го чекаше неговиот диџејски сет, забавата ја подгреваа нашите најуспешни артисти од овој калиб ар, извонредни Galoski и Cyrillic.
Официјално забавата започна во 21 часот најпрво со Cyrillic, за потоа сцената да ја заземе еден од нашите најуспешни диџеи, Galoski, кој е на 69-то место на 101 најдобри продуценти во светот, одликуван од елитната “1001 tracklist”, а Tomorrowland го прогласи за future star artist.
„The greatest DJ of all time“ или најдобриот диџеј на сите времиња, како што го нарекуваат Тиесто, во час и половина го „раздрма“ Скопје како никогаш досега. Кулминацијата настана со неговата, можеби во последно време, најпозната песна The Business, со која што и се појави на сцената. Со „Satisfacion“ пубиката ја врати 20 години наназад и ја крена на нозе, додека хит ремиксите на денешницата се пееја на цел глас.
Ова дефинитивно ќе биде настан за кој ќе се говори долго време, бидејќи беше електронски настан на годината, посетен од илјадници граѓани како од Скопје и Македонија, така и од соседните земји.
Она кое особено ги израдува фановите беше пораката која ја испрати Тиесто и на македонски јазик, преку видео бимот позади него, им се заблагодари на сите присутни во Македонија.
Наталија Јосифоска