Наташа Беквалац пред скоро време реши да стави крај на бракот од Лука Лазуќик. Новосадската барбика беше жртва на насилство од страна на поранешниот сопруг Лука со кого ја има ќерката Катја.
Беквалац реши да проговори и за нејзиниот брак со Данило Икодиновиќ.
Таа неодамна гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кај својот долгогодишен пријател Огнен Амиџиќ каде се потсети на некои моменти со поранешниот сопруг Данило. Пеачката откри во какви односи е сега со некогашниот ватерполист.
„Кога станува збор за нашата ќерка Хана, нашиот однос е одличен. Она што не беше добро во нашиот брак ние го отстранивме со развод. Можам да кажам дека Данило е совршен татко. Ако некој посака развод, јас би им посакала нивниот развод да биде како нашиот и после разводот нивниот однос да биде како нашиот…Не веднаш, бидејќи има период каде што се е свежо, но кога двајца имаат заеднички интерес, а тоа е заедничкото дете, тогаш се функционира беспрекорно. Тоа е она што секој родител треба да го прави, да ги стави емоциите на страна – ти не постоиш, а важно ти е детето“ вели Беквалац.