Додека трагите од вонземјанскиот живот се бараат во вселената, НАСА вели дека вонземјаните можеби веќе ја посетиле Земјата, но не сме ги забележале бидејќи тие се “неверојатно мали”.
Научникот од НАСА, д-р Силвано П. Коломбано порачува дека вонземјаните изгледаат поинаку од луѓето или било кои други форми кои нам нѝ се познати, како и дека имаат технологија која не можеме ни да ја замислиме. Коломбано вели дека тие имаат способност за меѓуѕвездено вселенско патување.
NASA scientist says Earth may have been visited by aliens. (Research paper just released today.)
Silvano P. Colombano
NASA Ames Research Center, MSResearch Paper: https://t.co/rjyzaHxY1o pic.twitter.com/oicw9A3oR0
— Bent Light (@BentLightNews) December 4, 2018
Таа изјава доаѓа откако НАСА започна да го скенира универзумот за цивилизации како дел од својот програм во потрага по вонземјанска интелигенција.
“Едноставно сакам да го истакнам фактот дека, ако успееме да ги пронајдеме или тие нас, можеби не ја поседуваат истата структура како и луѓето”, изјавил Коломбано.
Силвано смета дека и денес научниците се премногу фокусирани на тоа да пронајдат знаци на модерна технологија на другите планети, што значи дека би можеле да не ги забележат сигналите на цивилизациите кои се многу постари од Земјата.
Научникот исто така додал и дека не секое забележување на НЛО може да се објасни или потврди. Коломбано ги повикал физичарите да учествуваат во шпекулациите, базирани на нашите најтврди теории, но истовремено да бидат подготвени да ги прошират перцепциите за природата на просторот и времето и да го разгледаат феноменот на НЛО кој е вреден за учење.