Наутро немав со што да купам појадок: Пејачот за тешкотиите низ кој поминал – „Моите плакати на улица, а јас гладен“

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачот Бојан Маровиќ во емотивна исповед раскажа како го изгубил својот татко, но и колку пати останал без денар по настапот

Маровиќ откри и дека плачел кога победил на фестивалот „Sunčane skale“ бидејќи татко му не бил таму да го слушне, а потоа раскажал како изгледале неговите музички почетоци и преселбата во Белград.

Во Белград дојдов во 2003 година, имав договор со продукциска куќа. Во сите можни трговски центри беше мојот плакат, ме продаваа на улица, јас бев најбараниот изведувач, а немав денар во џебот.

Се сеќавам, доаѓам од настап и ми велат утре ќе ти дадеме пари и никогаш не ги добивав. Доцнев да ја платам киријата, толку пати греев бајат леб што ќе изгореше во микробранова печка. Се сеќавам дека имав околу 40 настапи за три месеци, еден по друг, и на крајот јадев остатоци од туѓ сендвич. Се будам наутро и немав со што да купам појадок. Потоа излегувам на улица и луѓето се сликаат со мене, а ти само се молиш на Бога да не сретнеш некого, да го каниш на кафе, бидејќи немаш како да платиш за тоа.

Денеска не се срамам од тоа, бидејќи тоа е трн кој мораше да ми ја изгребе кожата за да сфатам дека треба да претрпам поради музиката. Тогаш со гордост го кажав сето ова, дури после 20 години решив да ја кажам вистината, бидејќи на сцената не може да се молчи. Отсекогаш сум бил поинаков од естрадата и затоа не сум за шоу-бизнисот. Само сакав да бидам обичен тип од крајот и така се однесувам денес. Никогаш не копнеев по скапи станови, автомобили, но сакав да имам пари да инвестирам во музика. Никогаш не се фалев, затоа што така сум воспитан. На почетокот не сакав да седам по кафулиња, не излегував низ град, носев книги на настапи, тоа ме држеше буден и трезен, а не поп приказни. На крајот, тоа ме чинеше и затоа бев ограбен толку пати од менаџерот“.

Бојан откри дека никој не верувал во неговиот успех, па дури и од „Sunčane skale“ му рекле дека песната му е глупава.

„Прво ме одбија за фестивалот, рекоа дека песната е многу глупава. Меѓутоа, 10 дена пред фестивалот повторно ми се јавија и ми рекоа дека сум поминал. Мајка ми ме однесе на пазар со еден дечко што продаваше Италијански производи и јас се облеков таму, и само ѝ реков: „Ако луѓето се потсмеваат на тоа што ми го купи, навистина ќе се отселам од Подгорица.“ Отпрвин не ни сакав да одам. па победив во последен момент. Секако дека таму ме пречекаа како класично лигавење,до последен момент немаа ниту соба за мене.Сепак кога направив проба, знаев дека ќе победам и така беше“, изјави пејачот во емисијата „Преживеани“.