Времето во Македонија ќе биде сончево. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови со повремени врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје, слично време, сончево, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Следува период на стабилно и многу топло време за овој период од годината.
Ова е временската според Accuweather: