„Не би ѝ дозволила ниту овца да чува, а камоли дете“: Анабела Атијас прозборе за врската на Луна и Марко

ИЗВОРСкопје24
|

Се шпекулира дека Анабела Атијас не ја поддржува врската на нејзината ќерка Луна со Марко, а сега пејачката објаснила како навистина стојат работите.

Луна Ѓогани секојдневно истакнува дека нејзината мајка ѝ е најголема поддршка, иако ја разочарала во неколку наврати, а сега Анабела рекла дека нема намера да ѝ забрани било што на својата ќерка.

Седам и беснеам што се смири со Марко затоа што немам друга работа во животот, саркастично за српски „Свет“ изјавила Анабела, па додала: „Мене ми е супер, ако и на неа ѝ е супер. Нека живее како што мисли дека треба, секако сега нема да се мажи. Ќе смени уште минимум 20 партнери пред да дојде тоа на ред, така е и нормално, истакнала пејачката.

Потенцирала и дека Луна не е спремна за да стане мајка.

Сите ние мораме да поминеме низ неколку врски, за подоцна да ни се случи бракот. Луна е во таква фаза што не би и дала да чува ниту нацртана овца, а не деца и брак“, заклучила Атијас.