Не е Брена не е ниту Цеца- ова е најбогатата пејачка во Србија: На нозете носи злато, а чантата и вреди колку два стана (ФОТО)

ИЗВОРНов лист
|

Дијана Јанковиќ попозната како Диди Џеј која во 2013-та година се омажи за 26 години постариот ИТ стручњак Даниел Роквиќ кој се помалку со години е во Србија.

Парот додека беше во Србија живееше во куќа од 500 квадратни метри во најелитниот дел од Белград. Тие имаа три куќни помошнички, а гардеробата на Дијана уште пред неколку години вредеше колку половина од нејзината куќа.

Пејачката сега првиот кат од домот планира да го реновира и да го направи гардеробер.

„Ќе биде целиот кат со стакло и огледала. Тука ќе биде сместен мојот гардеробер, еден ѕид за торби, еден за облека“, открива пејачката за српските медиуми.

Таа во својата колекција ги има сите најнови модели на чанти кои чинат и колку два стана во Белград, а медиумите пишуваат дека таа за една торба од 100.000 долари чекала дури шест години за да дојде во нејзините раце.

Пејачката неодамна се поднови и со високи потпетици кои имаат златни детали на нив, а нејзините златни часовници чинат нешто повеќе од 2 илјади евра.