Не е се во парите: Млад богаташ јавно ја запроси девојката – и купи Ламборгини од 400 илјади евра кое не било доволно да ја прифати понудата

ИЗВОРСкопје24
|

Еден млад новопечен богаташ од Кина се одлучил јавно да ја запроси својата девојка, но тоа му се одбило од глава бидејќи таа пред сите му рекла “не”.

Ја дочекал со балони, рози, огномет и ламборгини. Иако рекла дека не сака да се омажи, тој постојано повторувал: “Омажи се за мене, имам пари. Можам да ти купам уште многу вакви автомобили”.

“Па што ако имаш пари”, рекла девојката и заминала.

Тој не можел да се помири со тоа, па го фрлил букетот и почнал да вика и да крши се околу себе.

Многу Кинези на социјалните мрежи прокоментирале колку е добро тоа што девојката го одбила момчето, бидејќи овој богаташ очигледно не може да го контролира бесот и да се однесува нормално кога нема да го добие тоа што го сака.