Првоаприлската шега на „Краш“ стана реалност – по исклучително доброприфатената шега, „Краш“ одлучи да ги услиши молбите на љубителите на чоколада и чварки.
„Баравте, добивте! „Дорина Чварак“ е навистина тука! Поради големиот број позитивни коментари одлучивме да отидеме чекор понатаму – ограничената едиција пронајдете ја од 30-ти април во „Kraš Choco&Café“. Побрзајте по вашиот примерок бидејќи количините се ограничени“, објави компанијата на својот Фејсбук профил со фотографија од новата „Дорина“ чоколада.
Имено, „Краш“ ја спомена оваа автентична комбинација во смисла на првоаприлска шега, но како што велат оттаму, интересот бил толку голем што навистина одлучиле да направат чоколада со чварки.
„Чудна комбинација, но вреди да се проба“, „Ова мора да биде совршено“, „Фино, слатко, крцкаво, солено…“, гласат дел од коментарите под објавата.
Иако количините се ограничени, судејќи по интересот не е невозможна идејата еден ден овој производ да влезе во сериско производство и да се најде во продавниците за широка потрошувачка.