Д-р Петличковски: Не е секој крлеж заразен – над 30% од животните во земјава имале контакт со конго-кримската треска

|

Претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски денеска информираше дека имале состанок во рамките на Комисијата по повод случаите на конго-кримска треска во земјава. Заклулиле дека нема простор за паника – ниту е потребна, ниту е продуктивна.

Според него, вирусот што ја пренесува болеста е присутен и нивните заклучоци се пред се превентивни мерки. Како што тврди, ситуацијата е под контрола и населението не треба да стравува.

Тестовите за болеста имаме доволно, иако имаме нарачано уште повеќе. Терапијата исто така е достапна. Колку што може да биде спремна една држава за оваа болест, сме спремни. Оваа болест не се пренесува лесно и е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој што е заразен со вирусот. Глобалното затоплување придонесе за нивно поинтезивна активност. Не е секој крлеж заразен со некој вирус. Не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини – ловците, риболовците, сточарите се особено изложени, како и здравствените работници, кажа Петличковски на брифинг со медиумите.

Тој најави дека денеска е можно да стигне информација до Влада со која ќе се бара организирање на акциски план во кој ќе се направи проценка колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани ќе се направи дезинсекција која е клучната превентивна мерка за намалување на ризикот за појава на болест.

Петличковски информира дека откриле дека стоката 9 животните во Македонија, постојано се изложени на вирусот.

Тој вирус не се појавил годинава. Во тие истражувања над 30 проценти од различните стоки, говеда, овци, кози се со прележан, односно биле во контакт со вирусот. Но немаме информации за хоспитализирани случаи предизвикани од овој вирус, додаде докторот за конго-кримската треска.