Не е сода, ниту лимон или оцет: Со ова средство се ќе блеска дома дури и замастената рерна

|

Ни сода, ни лимон ни оцет. Постои друго средство со кое ќе блеска цела куќа, сите предмети, па и рерната и замастените површини. Тоа е трипроцентниот хидроген пероксид.

Имено, може да го ставите на крпа и да пребришете и ќе видите дека се ќе блеска дома. Освен тоа, замастените површини може да ги испрскате, да оставите да делува, и нечистотијата сама ќе ја снема.

Совет како лесно да се ослободите од непријатниот мирис по пржењето на храната

Пржената храна е омилена на речиси секое семејство, не само поради нејзиниот вкус, туку и поради начинот на подготовка, кој не одзема многу време.

Сепак, пржената храна, покрај тоа што не е добра за нашето здравје, таа исто така не е најдобрата опција за нашата кујна, бидејќи по готвењето, остава непријатен мирис, кој пак се распространува и впива во буквално секој дел и агол од просторијата.

Чистење на облеката

Непријатниот мирис покрај во кујната, се апсорбира и на самата наша облека. Во тој случај, пред перење на алиштата, истите потопете ги во раствор од бел оцет и вода. Истовремено можете во машината за перење да додадете сок од лимон, за уште попријатен и свеж мирис.

Чистење на мебелот

Доколку редовно практикувате да пржите храна, тогаш непријатниот мирис може да се распространи и на мебелот во домот, при што за да го освежите самиот мебел, потребно е истиот да го изнесете надвор на чист воздух и сончеви зраци. Додека пак, што се однесува за чистење на неговата површина, употребете раствор од вода и белило.

Чистење на кујната

Кујната е речиси најголемиот извор на непријатен мирис во домот, бидјеќи по долго време готвење, разни ароми се апсорбираат и мешаат.

Првото нешто што треба да се направи секогаш е да се отворат прозорците, за да влезе свеж воздух во самата кујна.

Потоа, наместо да трошите пари на бројни скапи средства за чистење, едноставно избришајте ги површините во кујната со сунѓер, претходно потпен во оцет, кој е многу поефикасен од било кој друг производ.

Мијалникот исто така е доста голем извор на непријатен мирис, при што за негово прочистување употребете сода бикарбона, односно нанесете ја врз мијалникот и користејќи сунѓер, детално исчистете го истиот.

За крајно и целосно ослободување од непријатниот мирис, нанесете сода измешана со неколку капки етерично масло по ваш избор, во аглите од кујната.