Првите македонски и српски туристи на грчките одморалишта годинава велат дека цените не се толку изненадувачки колку што очекувале.
Своите искуства ги споделуваат со најголемата група за поддршка „Live from Greece“.
Гирото е поскапено насекаде, а цените за гиро-пита се движат од 3.50 до 4 евра, во зависност од местото, додека порцијата е поскапена за евро, до евро и половина, па најчесто може да се најде за 7 евра.
Пивото на плажа, пак, засега е со истите цени од лани, па може да се најде и за цена од 3.50 евра.
Лежалките засега се бесплатни и следат со консумација.
Блогот „Никана“, пак, направи листа на цени од поголемите маркети:
Леб 0.7-2€ Mлеко 0.90-1.60€ 10 јајца 2-3€ Грчки јогурт (пакување од 3) 2-3€ Фета 1кг 9.5-10.5€ Mаслиново масло 4-5.6€ Maслинки рефус 4.80-7€ Сончогледово масло 2.70€ Брашно 1кг 1.35-2€ Јунешко мелено месо 500гр. 4.5-5.5€ Пилешки стек 1кг 9€ Кашкавал гауда 7.5-9.5€ Шунка од 4.7€ Вода 1,5л 0.23-0.4€ Вода пакет 1.2-2€ Фанта 1,5л 1.5€ Кока-кола 1,5л 1.5€ Бело вино oд 3€ Црно вино oд 3€ Пиво голема лименка 0.9-1.45€ Узо 7дл 6.8-11€ Сладолед во кутија од 2€ Kафе 100г 1.15-1.70€ Домати 1.9-2.5€ Пиперки 2-2.5€ Кромид 0.65-0.80€ Компири 0.9-1.5€ Јаболка 1-2€ Круши 2.2-4€ Лимони 1.22€ Банани 1.5-1.8€ Портокали 0.8-1.5€ Лубеница 1.9€