Не ги фрлајте зарѓаните садови: Сѐ што ви е потребно имате во кујната

|

Еве како да го вратите сјајот на ‘рѓосаните садови и другите предмети во куќата без употреба на хемикалии.

Рѓата може да се појави насекаде, но најчесто е на кујнскиот прибор и градинарски мебел, за кој често мислиме дека нема спас и затоа завршува во канта. Иако изгледа дека овој проблем е нерешлив, постои еден едноставен трик за кој ви е потребна само алуминиумска фолија.

Сѐ што ви треба е алуминиумска фолија и сад со вода. Можете да користите поголемо парче, топче фолија или лента. Изберете ја онаа која најлесно ќе влезе во аглите на предметите што ги чистите. Од неа направете топка, натопете ја во вода и истријте ги предметите кои се зафатени од ‘рѓа.

Ако е потребно, земете повеќе фолија и повторно натопете ја во вода. Кога ќе ја отстраните целата ‘рѓа, избришете го предметот со сува, чиста крпа. Можете да ја измиете крпата на вообичаен начин по употреба, а вашиот рѓосан предмет ќе изгледа како нов. Доколку рѓата повторно се акумулира, можете да ја повторите целата постапка.