Не го фрлајте белиот дел од лубеницата! Направете си салата

ИЗВОРСкопје24
|

Белиот дел од лубеницата што се наоѓа меѓу црвениот дел и кората може да се искористи за подготовка на вкусно и интересно јадење. 

Состојки: кисела павлака 3 чешниња лук белиот дел од лубеницата половина краставица пиперка 2-3 ротквици една лажичка маслиново масло вински оцет

Подготовка: Излупете ја кората од лубеницата, па изрендајте ја заедно со краставицата, ротквицата и пиперката, а лукот исецкајте го.

Изренданиот зеленчук и лукот ставете ги во сад за салата и додајте сол, бибер и кисела павлака.

Додајте маслиново масло и малку оцет и сè добро измешајте.