Не и дозволувала да биде пејачка: Ова е мајката на Сека Алексиќ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Сека Алексиќ денес може да се пофали со успешна кариера, но никогаш не криела колку имала тешко детество. Голема поддршка имала од мајка си Ибрима, која сама ги израснала Сека и нејзиниот брат.

Иако почнала да се занимава со пеење за да обезбеди пари за семејството, мајката на сега била против тоа да биде пејачка.

За да и удоволи, свесна на тешките денови кои ги поминала, ја советувала дека мора да има занает. Сека на наговор на мајка си завршила за женски фризер, па оттаму потекнува нејзината љубов кон модата и стилизирањето на косата.

И денес Сека со гордост зборува колку мајка и била пожртвуванаи се трудела нејзините деца да не се издвојуваат.

Поради животот кој го водела и кој не го заборава, Сека безрезервно им помага на луѓето, па со мајка и постојано прават акции со кои им помагаат на многубројни установи и поеднинци.

Инаку, таа повторно сака да стане мајка, па затоа фолк пејачката и нејзиниот сопруг Вељко Пајиќ неодамна го започнале процесот на вештачко оплодување, пренесуваат српските медиуми.

Според тврдењата на изворот, пејачката сака повторно да се обиде да биде мајка.

„Сека нема ништо против вештачко оплодување. Напротив. Со задоволство зборува за тоа, дури ги советува и другите жени никогаш да не се откажат , туку да дадат се од себе и да го пронајдат вистинскиот лекар кој ќе им помогне да се реалзират како родители. Сека првпат успеа бидејќи го слушаше докторот, но како што тврди доста и помогна молитвата“ вели изворот.

Алексиќ е подготвена и по вторпат да оди на вештачко оплодување.

„Сека ги направи сите потребни прегледи. Се е во ред и сега чека да се заврши процесот на вештачко оплодување. Таа би сакала да добие девојче, а она што и е најважно детето да биде живо и здраво“ вели изворот.

По овие пишувања, Сека не била достапна за коментар.