Не излегувајте без чадор: Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

ИЗВОРСкопје24
|

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 26 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.