Не излегувајте без чадор, се очекува дожд и краткотрајно невреме во Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени. УВ=6

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
T= 29 °C, P= 978 hPa, U= 55 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот изутрина (во л/м2): 17 Пожаране, 15 Попова Шапка, 10 Тетово, Маврови Анови, 3 Крушево, 2 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп.

Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ=6

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Од утре попладне и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови опаѓање на температурите, а од среда ќе бидат во постепен пораст и ќе преовладува стабилно и топло време.