Не ја фрлајте храната по Нова Година: Вака ќе го продолжите го рокот на колачите

ИЗВОРСкопје24
|

По прославата за Нова Година и Божиќ, често може да се случи да ни остане повеќе храна. Остануваат и колачиња, а најлоша опција е фрлањето на храна!Сепак, постојат совети и начини со кои колачињата ќе бидат свежи подолго време:

Крцкавите колачиња е поднесуваат влага, бидејќи таа ги омекнува, па затоа чувајте ги во херметички затворен сад. Но, не ги ставајте топли, туку откако целосно ќе се изладат.

Ако сакате да сочувате свежи штрудли или куглоф, чувајте ги во сад со половина исечено јаболко, или пола парче леб, за да се впие влагата и да се задржи свежината.

Колачите од тесто, доколку сте направиле повеќе, најдобро е да ги замрзнете.