Не ја пропуштајте: Вечерва ќе се појави Супермесечина на небото

ИЗВОРНов Лист
|

Околу 20 часот и 35 минути попладнево се очекува да изгрее полната месечина во Скопје. Оваа месечина ќе биде најсјанјната од четирите супермесечини што ќе се случат во 2022 година.

Нна 13 јули, супермесечината ќе ги истакне нашите амбиции, но и желбата за љубов која трае.

Супермесечина се случува кога блиската страна на Месечината не е само целосно осветлена, туку и нашиот природен сателит е на најблиската точка во својата орбита со нас, Земјата.

Вистинската орбита на нашиот природен сателит, иако многу блиску до круг, всушност е елипса. Тоа значи дека има моменти кога таа е поблиску до Земјата, што се нарекува перигеј и друго време кога е подалеку, наречено апогеј.

Според НАСА, се работи за зголемување околу 14 отсто во големината и 30 отсто зголемување на светлината. Од четирите случувања во 2022 година, од мај до август, вечерашното ќе биде најблиску до перигејот. По ова, следна полна месечина блиску до перигејот ќе се појави на 6 декември.