Таму никој не размислува за струја, храна, избори, градови излепени со плакати, гас, шницли, снег на патиштата, Хаг…Пари имаат далеку повеќе од било каде во светот што им овозможува помалку фрустрации со ситници кои да речеме како нас овде ни го загорчуваат животот.
Швајцарија … земја на мед и млеко коментираат многумина. Се работи напорно ама и и се заработува.
Пари во Швајцарија заработуваат сите кои сакаат да работат и кои се работници.
Колку во просек заработуваат некои професии може да ѕирнете во листата подолу.
Фризер – 2.601 CHF; Цвеќар – 3.800 CHF; Графички дизајнер– 3.800 CHF; Столар – 4.018 CHF; Работник во пошта– 4.031 CHF; Пекар – 4.051 CHF; Автомеханичар – 4.450 CHF; Кондуктер во воз – 4.558 CHF; Софтвер девелопер – 4.608 CHF; Возач на автобус – 4.858 CHF; Новинар – 5.551 CHF; Социјален работник – 6.246 CHF; Учител – 7.398 CHF; Офицер во војска – 8.142 CHF; Јавен обвинител – 10.400 CHF; Главен лекар во болница во Цирих – 12.824 CHF.
А, во Швајцарија се практикува и исплата на тринаесетта плата. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 отсто помал. Цената на греење е двапати пониска отколку кај нас, додека грејната сезона трае според потребите во сите месеци со исклучок на август.
Инаку, швајцарската тринаесетта плата во просек изнесува колку цела годишна заработка кај нас. Интересно е и тоа што во таа алпска земја нема питачи, додека стапката на невработени е на нивно на статистичка грешка.