Страста кон спортското обложување е опасна работа, посебно ако поради некоја причина обложувалниците не работат.
Денеска, со одлука на Владата после два месеци од кризата, се отворија обложувалниците. Еден страсен играч на „спортска“ не можел да дочека и уплатил најбрзо што можел.
Само 12 минути му биле потребни за да направи добитно ливче. Добитниот тикет е уплатен 12 минути по 10 часот, а типувачот само со три пријателски средби и уплата од 1.000 денари добил малку повеќе од 100 евра, вкупната добивка е 7.526 денари.
Обложувачот мораше да почека до 14 часот за исплата, но секако е задоволен што на убав начин му тргна обложувањето по два месеци пауза.
Извор: Република