„Не можам да ги разберам жените кои работат од 9 до 5“: Оваа девојка троши илјадници евра дневно, ни кафе не прави сама – „на други им плаќам за се“

ИЗВОРНов Лист
|

Девојка која живее на сметка на родителите признава дека буквално не сака да прави ништо сама и за се им плаќа на другите. Тaa исто така тврди дека веќе е „доволно тешко да се изгледа вака добро“.

Рома Абдеселам е девојка која на TikTok ја следат повеќе од 600.000 луѓе, на кои таа редовно им покажува снимки од својот живот. Оваа девојка е невработена, но е дете на богати родители, па нејзината „работа“ е само да ужива и да троши пари.

Со нејзините снимки, но и со изјавите Рома ги освои симпатиите, но и бројните критики на народот. Оваа девојка тврди дека воопшто не е лесно да се биде невработен, а грижата за себе како жена е всушност доволна работа.

Да се ​​грижиш за себе како жена, тоа е веќе работа. Немам поим како жените работат од девет до пет, а потоа можат да направат било што, така што за мене ова е веќе работа од девет до пет“.

Рома живее во Њујорк и тврди дека, иако не е вработена, нема ниту момент слободно време.

“Сакам да го започнувам денот со шолја кафе, но мразам да правам било што, па само им наредувам да ми донесат кафе. После тоа обично тренирам”, вели оваа девојка за почетокот на денот.

По тренингот најчесто оди директно во фризерски салон, додека попладнето го поминува во шопинг после ручек со пријателите – ручек секој ден во 13 часот.

Потоа, ако имам време, вежбам уште еден тренинг, а после тоа имам доволно време да се подготвам за вечерно излегување со пријателите“.

Видеото за како го поминува денот можете да го погледнете тука.

Рома признава дека сиот луксуз во кој ужива е финансиран од нејзините родители и отворено вели дека не сака да мрда со прст, дури и за наједноставните работи, ако може да плати некого да го направи тоа наместо неа.

„Мразам да ја мијам косата сама – тоа е многу работа, па само плаќам некому за тоа и фенрам неколку пати неделно. Мразам да правам било што, не знам како да ја мијам косата сама, па некој го прави тоа за мене“, истакнува оваа девојка.

Најмногу пари троши на облека – облеката што ја поседува вреди околу 1,8 милиони евра, а на „партали“ троши околу 290.000 евра годишно.

Инаку, таа оди на шопинг четири пати неделно, а за еден шопинг потрошила најмногу 46.000 евра. Таа признава дека целата облека ја носи еднаш или најмногу два пати, а потоа ги донира за да не заземаат место.

Покрај облека, Рома секој месец троши пари и на ботокс и негување веѓи, како и бројни дерматолошки третмани, масажи… Патува по десетина пати годишно, но најсреќна е дома, а вели дека родителите се надеваат дека таа наскоро ќе почне да заработува за себе.

Семејството ме притиска да најдам работа и да се омажам бидејќи не сакаат финансиски да зависам од нив, сум била како пијавица“, искрено вели оваа девојка.

Вистината е дека Рома почна да заработува од TikTok, каде што видеата на кои го покажува својот луксузен начин на живот имаат повеќемилионски прегледи и и носат околу 23.000 евра месечно.

Но, и тоа има своја цена, бидејќи покрај пари добивала и закани од луѓе кои не ја сакаат. Сепак, вели дека тоа не и влијае многу и дека најмногу сака да ги задева луѓето кои ја напаѓаат и тврди дека на крајот најмногу и се извинуваат бидејќи воопшто не очекуваат да им одговори.