Од утрово граѓани се пожалија дека им пристигаат пораки во кои им е пратен линк, а откако ќе го отворат истиот ги води до лажна страница многу слична на Македонска Пошта.
На лажната страница ќе биде побарано од вас да наведете име, адреса, град, држава, поштенски код, електронска адреа, но и телефонски број. Ве советуваме да не го отворате линкот, ниту пак да оставате било какви лични податоци.
Официјално соопштение со потврда стигна и од Пошта:
“Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните добиваат пораки на телефон дека нивните пратки нема да бидат доставени.
АД „Пошта на Северна Македонија “ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.
Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта.
За сите информации во врска со Пошта ве молиме посетете ја нашата официјална веб страна www.posta.com.mk”, стои во соопштението.