Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ го изгуби својот живот во Гермнија каде што последен пат имаше настап.
Неговото семејство и колегите се во шок и со неверување ја прифатија оваа вест.
Неколку дена пред да се случи сето тоа неговата ќерката Илда Шаулиќ објави заедничка фотографија со својата мајка и сестра, а во описот напиша: Семејство.
Никој од нив не ни претпоставувал што може да се случи и дека тој ќе го загуби својот живот.
Инаку, Шабан беше во брак со Гоца Шаулиќ која му беше и најголема поддршка.
Сега сопругата со децата Михајло, Санела и Илда поминуваат низ најтешкиот период од животот, поради заминувањето на Шабан Шаулиќ, а на целата мака мораат да вратат околу 235.000 евра за порано договорените тезги кои се закажани до крајот на годинава.
Вдовицата на кралот на народната музика, која беше и негов менаџер, земала 50% од секој договорен настап унапред, а од некои дури и целиот износ.
Гоца била прашувана за се кога се работи за неговата кариера. Таа водела сметка за финансиите и колку пари ќе се зема за секој негов настап. Секако дека цената е различна кога Шабан требало да настапува во некој клуб, дискотека или пак на приватна веселба. Тој беше еден од најбараните пејачи и неговата цена одела од 10.000 па дури до 30.000 евра по настап.
Некогаш работе и за гарантиран бакшиш така да цените можеле да достигнат и до 50.000 евра по настап, во завиисност од местото и типот на прославата. Меѓутоа последните години тој ги зареди настапите и ја фиксираше цената, а парите ги договарала и земала Гоца, бидејќи тоа била желбата на Шабан. Земала и цел износ ако настапи во близина, а ако е далеку пола од договореното, приказна која за српски Курир, ја раскажа добро информиран извор.
Тој вели дека жената на Шабан ќе им ги врати парите на сите, а сумата која треба да ја врати за дел од настапите е околу 235.000 евра.
Гоца никогаш не би дозволила на некого да му остане должна. Таа отсекогаш водеше сметка за максимално да бидат испочитувани сите, а токму и сега не сака да се валка името негово, посебно не со пари. Затоа одлучи когаќе поминат најтешките моменти, да стапи во контакт со луѓето од кои земаа капар и да ги врати парите. Инаку, тоа е пракса и кај многу пејачи, да земаат пари и неколку месеци пред настапит за да се осигураат и тие и газдите. Гоца во последните години му ги намали настапите на Шабан еднаш неделно, додека претходно имаше по дури три настапи неделно, завршува изворот.