Не очекува сончево време, попладне ни следи голема промена на времето

ИЗВОРСкопје24
|

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи до 28 степени.

И во следните денови продолжува променливото и посвежо време. Од УХМР најавуваат дека најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Во продлжение прочитајте ја и состојбата на патишатата во државата: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Од 01.07.2019 година, започнаа викенд забраните за тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Подетално за овие забрани, прочитајте ТУКА.

РАБОТИ НА ПАТ:

Патниот правец с. Истибањa – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта. 1. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла –Делчево. 2. За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево.

На патниот превец од нас.Драчево кај пругата до с. Долно Лисиче од 11.07,2019 г. повторно ќе има асфалтирање на истион патен правец, поточно од кај местото викано Чаталот накај селото Лисиче. Асфалтирањето ќе трае најмалку една недела.

Ј. П. Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот патен правец Р2344, населба Чашка – с. Голозинци, од 26.06.2019 год. (среда) сообраќајот ќе биде во прекин секој ден, освен во недела, од 10 – 16 часот во наредните два месеци.

Oд 19.06.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт Трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип, при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560)

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија – Гевгелија) -наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино – Гевгелија)

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с.Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа МакПетрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с.Вруток, Општина Гостивар.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:

ЦУКС известува дека поради градежни активности за формирање на крстосница помеѓу бул. Киро Глигоров и улица „1“, на дел од булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим, па така сообраќајот во насока на движење од мост Тодор Александров кон крстосница со улица Перо Наков, на еден дел од бул. Киро Глигоров, ќе се одвива во една сообраќајна лента. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската Општина Аеродром. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720 метри.

Екипите на Град Скопје ја започнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.

Од 28.06.2019, се врши реконструкција на ул. “Ѓорче Петров” на потег од крстосница со ул. “Никола Пушкаров” до крстосница со ул. “Сарај” во Општина Ѓорче Петров во времетраење од 30 дена.

Центарот ги потсетува граѓаните дека, поради градежни активности за реконструкција на дилатации на мостот на реката Серава во Момин поток, на дел од булевар Никола Карев кон Качанички Пат е воведен времен режим на сообраќај. Поради реализација на овој проект измената на режимот на сообраќај важи на потегот од крстосницата помеѓу улицата Скупи и булеварот Никола Карев до крстосницата на овој булевар со булеварот Словенија, а градежните работи се изведуваат во две фази. До завршување на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива наизменично по една сообраќајна лента и тоа во двете насоки, а ќе биде регулиран со светлосна вертикална сигнализација.

Поради изведба на градежни работи за реконструкција и одржување на коловозот на бул. Партизански Одреди, на потегот од бул. 8-ми Септември до мостот Обединети Нации, ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Времениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази, од коишто во првата ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на потегот од мост Обединети Нации до крстосницата со ул. Лондонска, во насока на движење кон Центар, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП. Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на асфалтот на коловозот.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека деновиве ќе почнат градежните активности за реализација на проектот изградба на водоводна мрежа во „Индустриска зона Визбегово-Делница 3“, во Општина Бутел, каде што поради градежните активности на одредели локации ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, оттука ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.

Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та Македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.

ЦУКС известува дека од 19.04. во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

ЦУКС известува дека од 08.05 ќе отпочнат градежни активности за изградба на атмосферска канализација долж улица Кузман Шапкарев од крстосница со улица Ѓорче Петров до крстосница со улица Црногорска , како и долж улица Црногорска од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски. Градежните активности долж улицата Кузман Шапкарев и на дел од улица Црногорска во Општина Ѓорче Петров, ќе се изведуваат во наредните 4 (четири) месеци, а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

ЦУКС известува дека од 10.05 ќе отпочнат градежни активности на дел од ул. Алжирска во Општина Карпош, па на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим. Градежните активности ќе траат 90 дена, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.