Четвртата недела од велигденските пости се вика средопосна недела или средопосница, бидејќи ја означува средината на големиот пост. Оваа недела е важна, затоа што ја означува средината, односно дека до Велигден останале исто толку денови колку што има од почетокот на постот.
Во текот на оваа недела православните верници се подготвуваат за големиот христијански празник Благовештение, а во текот на неделата се почитува еден стар обичај.
Во текот на целата недела треба да се избегнува изговарање на погрдни зборови и да се опоменува самиот себе кога ова правило ќе се прекрши со непригоден збор или лоша мисла. Со овој обичај се симболизира важноста на стекнување на добри навики и се применува за бришење на негативните мисли и зборови.
Покрај овој обичај, се верува и дека оваа недела треба посебно да се трудиме и повредно да работиме. Доколку се истакнеме со трудољубивоста на работа или во училиште, нè очекува вредна награда за нашиот труд.