Не отворајте тековна и штедна сметка во иста банка – Еве и зошто

|

Софија Бера, финансиски советник, изјави за Business Insider дека постои едноставен трик со кој можете да одолеете на ова искушение.

„Отворете ја вашата тековна сметка и вашата штедна сметка во две различни банки. Ако не ги гледате заштедите на вашата сметка секогаш кога ќе пристапите на вашата тековна сметка преку онлајн банкарство или на автомат, тогаш нема да можете да ги потрошите така лесно“, вели Бера.

Препорачува за секоја штедна цел да се отвори штедна книшка во различни банки.

Речиси сите мои клиенти имаат сметка со нивните заштеди и друга сметка за нивниот буџет за патување. Така, тие не ги користат нивните резерви за итни случаи. Наместо тоа, тие заштедуваат по мала сума секој месец за секоја своја цел, а потоа не мора да се чувствуваат виновни кога заштедата ја користат за одмор“, вели Бера. Таа додава дека одвојувањето на сметките на овој начин е вредно за трудот. „Затоа што ако поставите таква техничка поделба помеѓу парите што можете да ги потрошите и парите што сакате да ги заштедите, потсвесно повлекувате јасна ментална линија. Не за џабе се вели: “Далеку од очи, далеку од срце“, објаснува Бера.