Не пропуштајте ја нумеролошката прогноза за следните 3 месеци

|

Полека, но сигурно ги одбројуваме последните денови до почетокот на есента. Ова годишно време за многумина ќе биде нов почеток, ќе им донесе многу предизвици и тешкотии, но ќе донесе и просперитет и хармонија. Сето тоа ќе има големо влијание врз љубовните, семејните и пријателските односи, мотивацијата и расположението. Нумеролозите открија каква енергија ќе ни донесат септември, октомври и ноември.

Септември
Овој месец ќе донесе големи промени во животот на секој од нас, особено во поглед на љубовта и пријателството. Така, некои ќе имаат можност да ја зацврстат својата љубовна врска, а некои ќе одлучат да раскинат засекогаш. На деловен план, постојат големи шанси за нови соработки. Со други зборови, септември ќе им овозможи на многумина да напреднат во својата кариера и да ја подобрат својата финансиска состојба. Сепак, не заборавајте дека најважното нешто што треба да го направите овој месец е да ги зацврстите односите со најблиските, пријателите или соработниците. Во овој период ќе научите како да најдете заеднички јазик со другите.

Октомври
Овој месец ќе биде во знак на семејството и домот. Така, многумина ќе посакаат да го решат станбеното прашање и да најдат топол дом. Други, пак, ќе се одлучат за реновирање, но месецот, генерално, ќе биде среќен и просперитетен. Во однос на кариерата, многумина ќе добијат шанса да напредуваат и да научат нова вештина. Освен тоа, тие ќе бидат мотивирани и полни со енергија, трпеливи и подготвени да се справат со сите тешки ситуации.

Ноември
Овој месец ќе биде во знакот на издржливоста, борбата и силната волја, период кога многумина конечно ќе се справат со одредени тешкотии. Реагирајте на сето она што не ви одговора, особено доколку некој сака да ве повреди или понижи. Освен тоа, во ноември ќе имате можност и да заблескате во јавноста така што ќе покажете што знаете и умеете. Сепак, нема да биде лесно бидејќи некој ќе се обиде да застане на патот на вашиот успех. Меѓу другото, овој месец ќе биде успешен во поглед на љубовта, особено за оние кои не се во љубовна врска.