Не сака ни да слушне за неа: Дара Бубамара ја блокираше Северина на социјалните мрежи

ИЗВОРСкопје24
|

Дара Бубамара наводно многу се налутила на една нејзина другарка Северина Којиќ бидејќи наводно ја изневерила кога најмногу и требала.

Имено, наводно Северина и ветила на Дара дека ќе дојде на нејзиниот солистички концерт и дека истиот ќе го најави на нејзините социјални мрежи.

Северина не ги исполнила ветувањата, а наводно Дара неодамна дознала дека Северина ниту имала намера да и даде поддршка за нејзиниот солистички концерт.

„Северина и Дара долго време беа добри другарки. Точно е дека не се гледаа често, но се допишуваа. Во тешките моменти си беа поддршка“ вели изворот и додаде:

„Кога Дара закажа концерт во Арена, Северина и вети дека ќе дојде и дека својот 47 роденден ќе го прослави на концертот. Исто така, Севе истакна дека на нејзиниот Инстаграм профил ќе го рекламира нејзиниот концерт. Меѓутоа, Северина ја измами својата пријателка, а Дара тоа го дозна неодамна“ .

Наводно Дара преку заеднички пријател дознала дека Северина ја измамила.

„Пријател на Дара откри дека Севе никогаш ниту имаше намера да дојде на тој концерт, а уште повеќе да ја рекламира. Северина и откри на другарките дека нема намара ја промовира фолкерката, и дека нема план тоа да го прави“ тврди извор за „Ало“.

По ова Дара ја прекинала комуникацијата со Северина и ја блокирала на сите социјални мрежи.