Не сака повеќе да го крие – убавата Македонка го покажа момчето

ИЗВОРСкопје24
|

Елена Миленковска и Александар Гутеа Маринковиќ се запознаа во „Гранд ѕвезди“ и набргу меѓу нив се роди љубов. Најпрво шармантниот пејач преку Инстаграм објави неколку заеднички фотографии и ни откри какви емоции има кон убавицата од Македонија, а потоа и Елена реши да се пофали и објави фотографија на која е гушната со новата љубов.

Талентираната пејачка се обиде да сокрие од јавноста дека е заљубена и објавуваше само соло фотографии на својот профил на социјалните мрежи. Но откако Гуте прв објави неколку заеднички фотографии и Александра реши повеќе да не го крие своето момче и се пофали со него на својот профил на социјалните мрежи.

Планираат да живеат во Белград каде и двајцата ќе пробаат да продолжат со своите кариери.

Тие се зближија во шоуто „Гранд ѕвезди“ бидејќи и двајцата беа кај иста менторка – пејачката Ана Бекута и одеа на заеднички часови по пеење.