Не се нејзините ќерки: Само тие можат да ја вратат во „живот“ Карлеуша- пејачката без грам шминка ужива во ова друштво (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша без грам шминка се појави во студиото на Гранд за да им помогне на кандидатите од својот тим за да се подготват што подобро за четвртиот круг од натпреварувањето.

По заминувањето на мајка си и долгата пауза Карлеуша претходно им се врати на работните ангажмани и снимањето на емисијата, а овој пат и на своето менторство.

Она што може да се забележи е тоа дека таа е без шминка и облечена во тренерки ужива во друштво на младите пејачи.

Кумановецот Мартинијан Кириловски и оваа година учествува во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Според новите правила, секој од кандидатите има ментор, а Кириловски за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша.

Карлеуша заедно со Ивана Петерс и својот тим работи со кандидатите.

Меѓутоа, пејачката неодамна ја снајде несреќа, односно по*ина нејзината мајка Дивна Карлеуша со која таа беше многу поврзана.

Таа неколку емисии не беше дел од музичкото шоу, но неодамна се врати на своите секојдневни активности.

Имено, деновиве Карлеуша работи со своите кандидати, а меѓу и нив е Мартинијан.

Во кратките приказни на „Инстаграм“, Мартинијан сподели дел од атмосферата за подготовките на новиот круг во музичкото шоу.

Во „сторињата“ може да се види и Карлеуша која исто така го снима Мартинијан, но и во еден момент покажа јазик.

Како ќе се претстави Мартинијан во четвртиот круг останува да видиме.