Не се заљубувајте во Раковите тие имаат златно срце

ИЗВОРСкопје24
|

Тие се фини и не просечно фини, или вообичаено фини, туку претерано фини личности. Би направиле сѐ за среќата на оние кои ги сакаат.

Не се заљубувајте во Раковите, бидејќи и покрај нивното големо, златно срце, тие се плашат од љубовта. Морате да се потрудите да им се приближите. Тие ќе ве одалечат од себе, и за нив љубовта воопшто не е лесна бидејќи биле повредени многу пати. Но, ако им докажете дека ќе се борите за нив, тогаш вистински се заљубуваат.

Не се заљубувајте во нив, бидејќи ќе ги паметат сите нешта кои ќе им ги кажете, дури и тоа да е обичен шепот. Тие слушаат повеќе одошто зборуваат и навистина се грижат за тоа што имате да го кажете. Ќе ги запаметат сите нешта кои и самите не се сеќавате дека сте ги кажале и ќе ве запознаат подобро од другите луѓе.

Не се заљубувајте во нив, бидејќи тие се грижат премногу. Се грижат како се чувствувате и ќе бидат многу претпазливи за да не ве повредат, или да не кажат нешто погрешно. Ќе ви се извинуваат ако нешто згрешат и ќе се прашувате зошто постојано го прават тоа. Но, само сакаат да сте среќни.

Највеќе од сѐ, се грижат за мислењето на другите луѓе. Кога некој не ги сака, тоа многу ги допира. А, вие секогаш ќе се прашувате зошто го прават тоа.

Раковите се многу емотивни личности. Тие ќе ве научат да гледате поинаку на секоја ситуација. Ќе ве научат како да бидете претпазливи, како да ги набљудувате луѓето и да ги разберете работите околу вас, подлабоко. Ќе се забележите дека се менувате и почнувате да се грижите не само за себе, туку и за оние околу вас.

Не се заљубувајте во Раковите, бидејќи без оглед на тоа колку се фини, тие се многу несигурни во однос на тоа. Тоа е така бидејќи биле повредени многу пати. Тие не се снаоѓаат најдобро во големи групи и секогаш подобро функционираат со луѓето „еден на еден“ или во мала група.

Тие секогаш го следат своето срце. Често се многу ирационални, но тоа е одлука на нивното срце. Навистина се тврдоглави кога станува збор за нештата кои ги сакаат. Тоа ги вклучува и луѓето кои им значат.

Кога ќе ги запознаете, ќе се чувствувате како да сте ги знаеле цел живот. Тие ќе ве прочитаат веднаш и брзо ќе донесат одлука дали вреди да ви го дадат своето внимание. Ќе се грижат за вас, понекогаш дури и премногу. Вие станувате нивниот свет. Не се заљубувајте во нив, ако не можете да го поднесете тоа.