Не ставате доволно сол – 5 грешки кои ги правите со зачините

ИЗВОРНов Лист
|

Готвење храна може да биде проблем, бидејќи не постојат утврдени правила за тоа колку зачин треба да се додаде во храната што ја подготвувате.

Секој зачин има различна јачина, така што количината во голема мера зависи од типот на зачинот и храната. Ако храната не ви е доволно вкусна, тоа веројатно има врска со начинот на кој ги ставате зачините.

Кои се најчестите грешки, од ставање премногу или премалку сол, до употребата на стари зачини, и што треба да направите за храната секогаш да ви биде вкусна?

Грешка 1: Не користите доволно сол
Додавање на сол е исклучително важно, бидејќи во голема мера влијае на храната. Оваа универзална состојка може да го направи месото помеко, зеленчукот повкусен, благото поблаго и сл.

Грешка 2: Не користите соодветна количина на сол

Секогаш кога варите нешто, водата треба да биде многу солена. Додадете 1 лажица сол на 4 литри вода. Ова гарантира дека вашиот оброк ќе биде правилно зачинет.

Поголемиот дел од солта ќе исчезне, па не мора да се грижите. Ако не сте сигурни дали водата е доволно солена, пробајте ја.
Кога директно додавате сол на храната треба да почнете со помала количина и постепено да посолувате.

Што се однесува до месото, треба да додадете една лажица сол на половина килограм месо. Солените протеини ги задржуваат своите природни сокови.

Пилешкото и свинското месо можат подолг период да бидат посолени. Додадете им сол 24 часа пред подготовката.

Од друга страна, риба и школки ќе се исушат ако се солени, затоа е најдобро е да ги посолите пред да почнете со готвење.

Грешка 3: Бибер
Бибер е одличен зачин поради многу причини. Покрај острината на вкусот, ја зголемува способноста да го почувствувате вкусот на храната. Секако, не мора да го користите за сè. Биберот може да го подобри вкусот на храната, но нема такво одлучувачко влијание како солта. Во суштина, користете го кога сакате.

Грешка 4: Зачините ви стојат долго време
Доколку ставивте многу зачини, а сè уште не го чувствувате вкусот, тоа може да значи дека зачинот е стар. Колку подолго стои зачинот, толку повеќе соединенија исчезнуваат.

Што се посвежи зачините, толку ќе биде посилен вкусот. Доколку не сте сигурни колку се стари зачините што ги користите, мириснете ги. Послабиот мирис значи послаб вкус.

Грешка 5: Не го пробувате јадењето додека готвите
Единствениот начин на кој навистина ќе знаете што ви е потребно е да ја пробате храната што ја подготвувате. Исто така, не мора целосно да се придржувате кон рецептите.

Количината на зачинот што се препорачува, може да биде премногу мала или преголема за да го задоволи вашиот вкус. Додавајте зачини кои ви одговараат на личниот вкус.