Најголемиот музички спектакл „Евровизија“ годинава ќе се одржи во Тел Авив, Израел. Наша претставничка е Тамара Тодевска која ќе не претставува со песната „Proud“.
Тодевска неодамна ја објави песната и видео записот за песната, а веднаш доби позитивни коментари и еден куп реакции.
Многумина коментираат дека ова е досега најдоброто нешто, а ако судиме по коментарите на социјалните мрежи, Тамара е на добар пат да се пласира на повисоко место. Нејзини придружни вокали ќе бидат Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Васил Гавранлиев.
Иако се шпекулираше дека можеби на сцената ќе се појави и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, пејачката истакна дека нема да оди во Израел, туку ќе остане во Белград да ја чува Хана.
Тодевска полека се подготвува за Евровизија, а вчера замина во Тел Авив каде ќе ја сними видео разгледницата. Таа на својот „Фејсбук“ објави фотографија од скопскиот аеродром, а во описот напиша:
„Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша Тодевска.
Исто така, Тамара во кратките приказни на „Инстаграм“ објави неколку фотографии директно од Тел Авив.
„Добро утро од Тел Авив“ стои во описот на една фотографија.
Вистина.мк