Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – Започнува летното сметање на времето

|

Од недела почнува летното сметање на времето.

Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето.

Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.