Оваа година е направено едно истражување кое открива што луѓето никако не сакаат да добијат за Нова година, во облик на подарок.
Испитаниците избирале оценка за подароците кои не би сакале да ги добијат за Нова година.
– сувенири, симболи (57%)
– плишани играчки (52%)
– вага (49%)
– сапун (48%)
– календар (48%)
– машинка за бричење/депилатор (48%)
– Биткоин (42%)
– козметички сет (40%)
– пешкир (38%)
70% од испитаниците рекле дека подарокот кој сакаат да го добијат, мора да биде корисен. Меѓутоа, 11% од луѓето мислат дека подарокот мора да ги изненади саканите, додека 9% велат дека важно е вниманието.
Дури 71% од луѓето велат дека за Нова година добиваат безначајни подароци, а 9% велат дека во првата прилика тој подарок го даваат на некој друг.
Во истражувањето учествувале 52.000 луѓе.