„НЕ ЗНАМ ЗОШТО МАЖИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД МЕНЕ“: Наташа Беквалац 3 години без дечко – Посетува психијатар поради мажи

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Наташа Беквалац тврди дека три години не била со ниту еден маж и дека и е фантастично без партнер.

Таа не крие дека посетува психијатар и дека тоа многу и помогнало во тешките моменти кои останале зад себе, а како што вели денес мажите се плашат да и пријдат.

„Психијатарот вели дека не треба да се грижам што три години немам партнер. Не знам зошто мажите не ми приоѓаат… Не се сметам за силна жена за да плашат толку од мене“, рекла Наташа и додала дека животот без маж е фантастичен.

Како што е познато, Наташа зад себе има три брака, а на прашањето дали нејзиниот поранешен го гледа како пријател, таа откри:

“Како кој. Најчесто на мене гледаат како на непријател”, изјавила пејачката.

Наташа не крие дека мајчинството и задава многу грижи, а често истакнува дека пубертетот на Хана не е воопшто лесен. Нејзината ќерка од неодамна почна се повеќе да покажува на социјалните мрежи, а често знае да ја „галванизира“ и својата мајка.

“Хана не ме слуша ниту мене, ниту мојата музика. Сега е во период кога сите се покул од мене. Ќе ме разбереш кога ќе имаш дете во пубертет, рекла пејачката која со своите изведби секогаш ја воодушевува публиката.