Марс утрово во 8:08 часот влезе во знакот Бик, а според астрологот Душан Величковиќ тоа ќе ни донесе проблеми со парите.
„Марс е планетата на нетрпеливоста и акцијата, а кога ќе се најде во знакот Бик, тогаш знае дека прави непотребни трошоци. Во исто време и Меркур од Близнаци ќе влезе во знакот Рак. Оваа промена во знаците на планетите ќе донесат промени во некои наши чувства и промени за кои размислуваме. Меркур во Рак носи размислувања за домот и семејството, за згрижување“, рече астрологот во емисијата „150 Minuts “на TV Prva, а потоа откри што може да очекува секој знак оваа недела.
Оваа недела ќе биде фантастична за Овенот, во Овен остана само Јупитер, планетата која дава огромна доза среќа, но Јупитер е и голем светски патник, па ако се работи за патување, небото е најповолно за Овенот. Исто така е добар период за куќата, за преуредување на ентериерот, за преуредување на некој дел од куќата или за шопинг, и е идеален период за комуникација и бизнис со странци и луѓе кои не живеат во вашиот град.
На Биковите им е динамично и интересно, Уран не им дозволува да се опуштат, а Венера во Близнаци ги тера да размислуваат за пари. За нив работата е најважна и е идеален период да започнат нов бизнис, приватен, нешто дополнително од она што го работат. А за тие што работат малку повеќе, сигурно ќе има повеќе пари. Тоа е добар период за емотивните почетоци како врска, брак.
Според астрологот Величковиќ, промената на Меркур во знакот Рак малку им пречи на Близнаците и тие ќе бидат малку поемотивни од вообичаено и многу повеќе ќе размислуваат за пари, но нивниот идеален период за заработка ќе биде дури во август.
За Раковите започна фантастичен период, Меркур ќе им донесе многу решенија, па Сонцето и Меркур во Рак му даваат огромна среќа на овој знак, небото им се отвора максимално. Ова е идеален период за домаќините како што се Раковите, да си ја подобрат имотната состојба, да купат нешто, да го прошират својот имот или да работат на проширување на семејството.
Лавовите имаат добро поле на заработка од работа, ќе има малку повеќе профит и ќе решат некој важен проблем.
Величковиќ најавува дека Девиците започнуваат нова животна етапа. Почнуваат за нив важни настани кои ќе ја одбележат годината, само треба да бидат вредни, одлучни и да веруваат во себе, сè им стои на располагање, она во кое ќе веруваат и ќе го постигнат.
Фантастичен период за Вагите, влегуваат во малку помирни води, ќе можат малку да ја тргнат ногата од гас кога е работата во прашање. Ќе научат нешто ново, по бурниот јуни, јули ќе биде малку помирен и поволен период за финансии.
Пред Скорпиите е одличен период за љубов, забава, изненадувања, а Уран во нивното поле на партнерства им носи љубов таму каде што најмалку очекуваат, вели астрологот.
За Стрелците следи е фантастичен период за работа, имаат многу среќа, што Јупитер е во нивниот петти знак, тоа им дава многу среќа кога се во прашање патувањата и работата.
За Јарците јули е месец за одмор, иако сакаат да работат, да водат и да се снаоѓаат повеќе од сè на светот, но сега имаат можност малку да ја намалат таа работна динамика и да отпатуваат некаде, да уживаат и да се посветат на работите што ги сакаат.
Величковиќ вели дека за Водолиите нема одмор бидејќи секогаш им се јавува некоја обврска, но дека уживаат. Планетата Венера во нивната петта куќа им дава многу креативност и кога не планираат ќе им се отвори ситуација да уживаат со пријателите.
На Рибите им е наклонето небото, особено тој Јупитер во Овен за финансиите, работата, бизнисот и сите убави работи што ги заслужуваат, заклучува астрологот.