Овен (21. 3 – 20. 4)
Љубов: По обичај, се поставувате супериорно во однос на партнерот, но тоа би можело да предизвика караница и конфликт со посериозни последици. На слободните им претстои убава авантура.
Работа: Амбициозни сте, а тоа посебно доаѓа до израз во овој период, кога повеќето други знаци одмораат. Имате шанса да се докажете.
Здравје: Добро се чувствувате.
Бик (21. 4 – 20. 5)
Љубов: Оние што се во врска ќе западнат во монотонија. На слободните им претстои ново познанство.
Работа: Ќе ги преиспитувате своите желби и амбиции, па можеби ќе заклучите дека моменталната работа не ве исполнува како порано. Некои ќе размислуваат за премин во друга фирма.
Здравје: Можни се главоболки и премаленост.
Близнаци (21. 5 – 21. 6)
Љубов: Зрачите со позитивна енергија, која ќе успеете да ја пренесете на партнерот. Ако сте слободни, ќе ги шармирате сите околу себе.
Работа: Многу ќе и се посветите на работата, но ако не сте на управителска функција, некој над вас би можел да ги присвои вашите заслуги.
Здравје: Можна е вирусна инфекција.
Рак (22. 6 – 22. 7)
Љубов: Партнерот ќе се обиде да ве потчини. Искрено кажете му дека ви пречи тоа и ситуацијата набрзо ќе се подобри. Слободните ќе запознаат интересна личност на работното место.
Работа: Ако преку работата контактирате со многу луѓе, ќе имате успех. Финансиската ситуација полека, но сигурно се подобрува.
Здравје: Респираторни проблеми.
Лав (23. 7 – 23. 8)
Љубов: Слободните Лавови ќе бидат расположени за заведување. На видик се авантури, кои може да прераснат во врска. На зафатените им претстојат мали кавги, но и голема страст во врската.
Работа: Амбициозни сте, како и секогаш, но оваа недела нема да имате многу шанси за докажување.
Здравје: Добро се чувствувате.
Девица (24. 8 – 23. 9)
Љубов: Оние што се во врска ќе имаат проблеми со партнерот, но нема премногу да се грижат за тоа. Слободните зрачат со посебен шарм.
Работа: Ако во изминатиов период презедовте поволни чекори, сега е време да здивнете и да уживате во плодовите на сопствениот труд.
Здравје: Стомачни проблеми.
Терезија (24. 9 – 23. 10)
Љубов: Ако посакувате некоја промена со партнерот, стрпете се, не е време за тоа. Слободните ќе имаат многу додворувачи.
Работа: Оваа недела нема да имате интересни мигови во работата, па ќе се досадувате и може да се случи да го загубите интересот. Сепак тоа е минлива фаза.
Здравје: Можни се главоболки.
Скорпија (24. 10 – 22. 11)
Љубов: Оваа недела ќе бидете вистински магнет за лицата од спротивниот пол. Никој нема да може да ви одолее! Ви претстојат убави мигови со партнерот.
Работа: Сакате да постигнете максимум и да ја зацврстите својата позиција, која секако е добра. Внимателно трошете ги парите.
Здравје: Чувајте се од скршеници.
Стрелец (23. 11 – 21. 12)
Љубов: Позитивните промени на полето на љубовта доаѓаат бавно, но сигурно. Врската ќе се зацврсти, а емоциите ќе се засилат. Слободните се на прагот на нова врска.
Работа: Паничите и ги драматизирате нештата. Всушност, работата не ви оди толку лошо. Оваа недела не очекувајте финансиска добивка.
Здравје: Добро се чувствувате.
Јарец (22. 12 – 20. 1)
Љубов: Тежнеете да бидете главни во врската, но на некои претставници на овој знак партнерот нема да им го дозволи тоа. Затоа се можни караници и раскинување.
Работа: Можно е разочарување, бидејќи проектот на кој работевте нема да доживее успех каков што очекувавте. Сепак нема да бидете во загуба.
Здравје: Ќе се нервирате.
Водолија (21. 1 – 19. 2)
Љубов: Водолиите сакаат промена во врската, па некои од нив ќе посакаат заеднички живот со партнерот. Слободните се на прагот на нова врска.
Работа: Одлично тактизирате, па лесно умеете вниманието да го свртите на себе. Можете да постигнете одлични резултати, под услов да осмислите добра стратегија.
Здравје: Можни се проблеми со забите.
Риби (20. 2 – 20. 3)
Љубов: Пожртвувани сте и склони на откажувања за хармонија во врската. Врската ќе ви процвета, но мора да бидете трпеливи. На слободните ќе им се додворува некој што е зафатен.
Работа: Оваа недела работата нема да ви биде во прв план. Тоа нема да ви донесе штета, бидејќи на работното место нештата се мирни.
Здравје: Зголемете го внесувањето витамини за засилување на имунитетот.